Амбасадорката на Хрватска во Украина Аница Ѓамиќ го напушти Киев и е на пат за Лавов, соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
„Со оглед на влошената безбедносна ситуација во Киев и нападите на главниот град на Украина, вчера и наложив на нашата амбасадорка Аница Ѓамиќ да го напушти Киев“, изјави Пленковиќ на прес-конференција.
Амбасадорката е на пат за Лавов, каде ќе престојува и ќе ја извршува својата должност, ќе им помага на хрватските граѓани и ќе ја следи ситуацијата во Украина.
„Таа е добро и веруваме дека ќе биде безбедна во Лавов, град во западна Украина“, рече Пленковиќ.