Вести Најважни Свет

Харков е во пламен, разрушени мостови во Киев, стотици жртви во Мариупол

Русија ги интензивира нападите врз клучните украински градови – седми ден беснеат борби на север, исток и југ на земјата. Харков е во пламен, каде што руските падобранци слетаа во текот на ноќта. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во регионалното седиште на Министерството за внатрешни работи.

  • Штотуку се случи масовно гранатирање на централниот дел на градот. Гледате дека беа погодени Градскиот совет, продавниците и станбените згради. Оштетена е четирикатна зграда во близина, уништени се градбите. Спасувачите веднаш ги евакуираа луѓето на кои им беше потребна помош- Евген Василенко, портпарол на службата за итни случаи во Харков.

Нема официјални информации за жртви, се претпоставува дека се повеќе од 20, таму вчера загинаа најмалку шест луѓе кога проектили паднаа пред административната зграда на на Плоштадот на слободата. Харков денеска е Сталинград на 21 век, рече советникот на украинскиот претседател.

  • Непријателот го гранатира градот без избирање цели. Повеќекратни ракетни фрлачи и авијација дејствуваат затоа што, како што разбирам, има наредба да се скршат луѓето психолошки и да се всади психолошки терор. Но, украинските вооружени сили и територијалната одбрана вешто се бранат, Харков денес е Сталинград на 21 век- Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател.

Се стравува дека стотици луѓе загинале во јужниот пристаништен град Мариупол по повеќечасовното континуирано гранатирање, изјави заменик-градоначалникот на градот. Исто така на југ, Русија се бори за контрола на Керсон, но нејзиниот градоначалник вели дека градот сè уште го држат украинските сили.

Додека Русија и Украина велат дека се подготвени да ги продолжат разговорите насочени кон запирање на разорната војна, украинските цивили ги напуштаат своите домови и бегаат во побезбедни области. Мостот на реката Ирпин на северозападната периферија на Киев е уништен за да се спречи рускиот напредок, па локалните жители од северните области на Киев ги минуваат урнатините за да стигнат до железничката станица и метрото за да се евакуираат.

Повеќе територии во регионот на Доњецк паднаа под контрола на самопрогласените републики. Според бунтовниците, украинските сили немале време да го земат своето знаме и пушки, додека се повлекувале од областа Волновакс.

  • Во секој случај, преговарачкиот процес ќе се одржи, убедувајќи го непријателот дека треба да го положат оружјето и да се предадат или да го напуштат градот за цивилите да не настрадаат- Едуард Басурин, командант на милицијата на Народна Република Донецк.

За првпат по седумдневните борби, Русија јави за жртви во своите редови околу 500 војници, исто така рече дека на украинска страна има 2.870 загинати украински војници, а повеќе од 572 се заробени.

  • За жал, имаме загуби меѓу нашите соборци кои учествуваат во специјалната воена операција. 498 руски војници загинаа за време на службената должност. Се обезбедува целата можна помош за семејствата на загинатите. 1.597 соборци се повредени- Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Генералното собрание на ОН гласаше за осуда на руската инвазија на првиот итен состанок одржан после 1997 година.

Високиот претставнмик на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ги повика на итен состанок министрите за надворешни работи на земјите членки на унијата на кој се повикани и шефовите на дипломатиите на Украина, САД, Велика Британија и Канада, како и главниот секретар на НАТО.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе