Комисијата за заразни болести денес напладне одржува нов состанок. Дел од членовите брифираат дека има многу прашања за дискусија, но не откриваат што е во фокусот на седницата.
На претходниот состанок Комисијата за заразни болести до Главниот координативен кризен штаб препорача бремените жени да се вратат на работа затоа што сега се во состојба да се вакцинираат и дека истото со студии е докажано дека е безбедно за нив. Исто така, членовите тогаш кренаа рака „ЗА“ и за да се укине задолжителното поседување ПЦР-тест, сертификат за вакцинација или прележаност, за излез од земјава. На денешниот состанок не е исклучено и дополнително укинување на дел од рестрикциите, со оглед на благото стабилизирање на состојбата со Ковид во земјава.