Вести Свет

Белорусија распоредува дополнителни сили долж границата со Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека наредил распоредување дополнителни сили на југот на земјата, долж границата со Украина.

„Хеликоптери и воени авиони стационирани во Гомел, Барановичи и Лунинец во моментов ја гарантираат безбедноста на границата меѓу двете поранешни советски републики“, изјави Лукашенко на состанокот на Белорускиот совет за безбедност.

„Пет тактички групи“

Тој рече дека станува збор за распоредување на „пет тактички групи баталјони за заштита на тој јужен правец“, во кои има околу стотина војници опремени со оклопни возила и артилериско оружје.

Лукашенко, сојузник на Москва, рече дека неговата земја нема да учествува во нападот врз Украина.

„Тоа не е наша задача“, нагласи тој.

Тој е и за распоредување дополнителни сили на границата со Полска, на запад, со цел да се заштити Белорусија од евентуален напад на силите на НАТО.

„Никогаш не смееме да дозволиме НАТО да ја нападне белоруската територија.“ – рече Лукашенко.

„Во никој случај не смееме да дозволиме инвазија на силите на НАТО на белоруска територија или нивна најмала операција на наша територија“, додаде белорускиот претседател.

Тој рече дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин дополнителни испораки на руски противвоздушни системи С-400, кои веќе се распоредени во регионот Гомел, со цел да се распоредат долж западната граница.

Од друга страна, лидерката на белоруската опозиција, која живее во егзил во Литванија, Светлана Тихановскаја, најави започнување на „антивоена мобилизација“ во Белорусија.

„Мораме да престанеме да ја гледаме Белорусија како агресор“

„Мора да престанеме да ги гледаме Белорусите како агресори“, рече таа, повикувајќи ги белоруските војници или „да одбијат да учествуваат во војната или да преминат на украинската страна“.

Според официјален Минск, ниту еден белоруски војник не учествува во руската инвазија на Украина, додека официјален Киев тврди дека руските сили ја користат белоруската територија за нивните напади врз Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе