Вести Ковид19 Свет

Бајден: Имаме намера бесплатно да им делиме на граѓаните апчиња за Ковид

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација покренала нова иницијатива која ќе им овозможи на Американците да се тестираат за КОВИД во аптеките и да добијат бесплатни таблети за лекување на КОВИД веднаш доколку бидат позитивни.

„Ја започнуваме иницијативата „Тестирање за лекување“ за луѓето да можат да се тестираат во аптека и, доколку се позитивни, на лице место и да добијат бесплатни антивирусни таблети“, рече Бајден за време на неговиот говор за состојбата на нацијата.

„САД порачаа повеќе од овие лекови од која било друга земја во светот“, рече Бајден, додавајќи дека Фајзер ќе им понуди на САД милион од тие таблети во март и двојно повеќе во април. Тој рече дека пилулата Фајзер за ковид ја намалува веројатноста за хоспитализација за 90%.

„Не можам да ветам дека нема да има нови варијанти“

За време на својот говор, Бајден го истакна напредокот што Америка го постигнала во борбата против коронавирусот, но предупреди дека Американците мора да се подготват за нови варијанти, пишува Ројтерс.

„Не можам да ветам дека нема да има нови варијанти. Но, можам да направам се што е во наша моќ за да бидам подготвен доколку се појави. Соединетите држави сега можат да воведат нови вакцини во рок од 100 дена, наместо неколку месеци или години“, рече тој.

Белата куќа претходно соопшти дека ја укинува одредбата дека целосно вакцинираните граѓани мора да носат маски во зградите на Белата куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе