Вести Свет

Украинскиот министер бесен по нападот на плоштадот во Харков: Целосно изолирајте ја Русија!

Нешто после 7 часот по македонско време Русите го ракетираат главниот плоштад во Харков додека низ него минувале автомобили. Шест лица се повредени во нападот, меѓу кои и едно дете, јави Си-Ен-Ен.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба зборуваше за нападот на централниот плоштад во Харков, каде што се наоѓа зградата на регионалната администрација. Тој повика на дополнителни меѓународни санкции против Русија по нападот, кој го нарече варварски.

„Варварски руски ракетни напади врз централниот Плоштад на слободата и станбената област на Харков. Путин не може да ја скрши Украина. Тој од бес прави повеќе воени злосторства, убивајќи невини цивили“, напиша Кулеба на социјалните мрежи.

„Светот може и мора да направи повеќе. Зголемете го притисокот, ЦЕЛОСНО ИЗОЛИРАЈТЕ ЈА РУСИЈА!“ напиша тој.

 

Се огласи и лидерот на регионот Харков

Шефот на регионот Харков, Олег Синегубов, изјави дека ракетните напади утринава го погодиле центарот на Харков, вториот по големина украински град, вклучувајќи ги станбените населби и зградата на регионалната администрација лоцирана на главниот плоштад во Харков.

Синегубов рече дека Русија лансирала градски и крстосувачки ракети кон Харков, но дека одбраната на градот се уште е во мирување.

„Таквите напади се геноцид врз украинскиот народ, воено злосторство против цивилното население“, рече тој.

Синегубов се појави пред новинарите во панцир и со кацига на главата и рече дека се уште е рано да се каже колку жртви има во нападот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе