Северна Кореја ги обвини „американските и западните политики на хегемонија“ за руската инвазија на Украина во соопштението објавено во понеделникот од портпаролот на Министерството за надворешни работи.
„Основната причина за украинската криза лежи целосно во хегемонистичката политика на Соединетите Држави и Западот, кои се впуштаат во грубост и самоволие кон другите земји“, рече портпаролот, пренесува Си-Ен-Ен.
Соединетите Држави и нивните сојузници воведоа санкции кон Русија и вршат притисок врз руската економија со блокирање на некои руски банки од глобалниот платен систем СВИФТ и замрзнување на средствата на руската централна банка.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, исто така, рече дека Соединетите Држави и Западот „систематски ја поткопуваат безбедносната средина на Европа“ и „се поочигледни се во нивните обиди да распоредат оружени системи за напади, пркосно продолжувајќи со проширувањето на НАТО на исток“.
На крајот ја осуди „едностраната и двојна политика на САД“, која, како што заклучи, е закана за мирот и безбедноста на суверените држави.