Вести Најважни Свет

Ракетен напад врз центарот на градот Харков

На 6-тиот ден од руските напади врз Украина, во Харков беше извршен ракетен напад. Ракетата погоди зграда.

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина соопшти дека е извршен напад врз украинскиот град Харков.

Советникот подвлече дека мета бил центарот на градот и бил извршен ракетен напад.

Бомбата, која била фрлена во просторот каде што се наоѓаат јавните објекти предизвикала големи штети и на зградите и на возилата.

Украинската служба за итни случаи соопшти дека во нападот се повредени 6 цивили, меѓу кои и едно дете.

24 пожари за 24 часа

Гувернерот на Харков Олех Синјехубов нагласи дека градот бил нападнат со проектили во текот на ноќта.

Синјехубов соопшти дека изгаснале 24 пожари предизвикани од експлозиите во последните 24 часа.

„Варварските напади на Русија“

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на својот Твитер профил сподели за нападот во центарот на Харков. Во својата објава тој повика на „целосна меѓународна изолација на Русија по „варварските“ напади во Харков.

 

„Русија ги гранатира урбаните центри за да предизвика цивилни жртви и паника“, изјави Подољак, советник на претседателот на Украина.

Зеленски: Украина беше бомбардирана време на преговорите

Зеленски најави дека не можеле да го добијат посакуваниот резултат во преговорите со Русија и дека Русија за 5 дена извршила 56 ракетни напади.

Зеленски го привлече вниманието на фактот дека Украина беше бомбардирана во исто време за време на преговорите меѓу руската и украинската делегација.

Во врска со преговорите, Зеленски рече: „Сè уште нема резултат што го посакуваме. Русија го соопшти својот став. Слушнаа од нас контрамерки за завршување на војната. Добивме некои сигнали“, изјави тој.

Наведувајќи дека знаел каде пукаат Русите, Зеленски рече: „Ова е кршење на сите меѓународни конвенции. За ова злосторство секако ќе се формира меѓународен суд“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски за ракетирањето на Харков: Руси, никој на светот нема да ви го прости ова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе