Вести Свет

Русија најави голем напад на Киев, испрати порака до жителите

Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвува да пука во цели во главниот град на Украина, јавува Би-Би-Си.

Во соопштението објавено попладнево, руските власти соопштија дека нивните сили се подготвуваат да извршат „напади со висока прецизност“ врз „технолошките центри на украинската служба за безбедност и центарот за психолошка војна во Киев“.

„Ги повикуваме граѓаните на Украина кои националистите ги користат за провокации против Русија, како и жителите на Киев кои живеат во близина на радиокомуникациските станици, да ги напуштат своите домови“, се додава во соопштението.

Официјални лица тврдеа дека нападите биле извршени за да „спречат информативни напади врз Русија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе