Вести Свет

ВИДЕО: Воздушен напад на главниот плоштад во Харков

Утрово се чини дека руската армија изврши насилен воздушен напад на главниот плоштад во Харков, Плоштад Слобода.

Снимката од воздушниот напад беше објавена на социјалните мрежи и беше споделена од дописникот на Buzzfeed Кристофер Милер и шефот на московската канцеларија на Financial Times Макс Седон.

На главниот плоштад во Харков има и зграда на локалната самоуправа.

Нападот е извршен, судејќи според временската ознака на снимката од надзорната камера, утрово во 7:02 часот по македонско време. Се уште не се знае дали има жртви во последниот напад.

Објавени се и снимки од штетата предизвикана од воздушниот напад на главниот плоштад во Харков.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Скопјанец е првата жртва во пожарите, на Блаце се гаси од земја и од воздух

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе