Вести Свет

Прва фотографија од преговорите меѓу Русија и Украина

Почнаа преговорите меѓу Русија и Украина, кои се водат во Белорусија.

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи на почетокот на разговорите им се обрати на руската и на украинската делегација. Тој им посака добредојде и рече дека треба да се чувствуваат целосно безбедно.

„Тука можете да се чувствувате сосема безбедно“

„Почитувани пријатели, претседателот на Белорусија ме замоли да ви посакам добредојде и да обезбедам сè за вашата работа, како што е договорено со претседателот Зеленски и претседателот Путин. Можете да се чувствувате целосно безбедни овде. Тоа е наша света должност“, рече Макеи.

„Претседателот Лукашенко искрено се надева дека за време на денешните разговори ќе биде можно да се најдат решенија за сите прашања од оваа криза. Сите Белоруси се молат за ова. Сите предлози, во однос на организацијата на денешниот состанок, ќе бидат разгледани и апсолутно исполнети. Ние со нетрпение очекуваме до резултати“, додаде Макеи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе