Вести Македонија Топ вести

Постепено исчезнува староградскиот лик на Битола

Оштетени фасади, разрушени ѕидови, еркери во распаѓање, искршени прозорци. Вака изгледаат некои од објектите со традиционална архитектура во Битола оставени на забот на времето, дел под заштита, дел не, во приватна и државан сопственост. Некаде сопствениците се иселиле, за дурги се водат имотно-правни постапки, а во трети газдите се финансиски немоќни да ги одржуваат. Во лоша состојба се и поранешните конзулати и старата општинска зграда. Со нивната запоставеност полека гасне староградскиот лик на Битола кој не го сочинува само Широк Сокак.

„Жално е што старата архитектура по која се препознава Битола почнува да се руинира  и да исчезнува. Јас за мојата книга ‘Градби’ ја прошетав Битола три пати од најгорните делови се̍ до Јени Маале  и забележав дека околу 1000, можеби 1500 објекти се напупштени, дел од нив се руинирани, дел распаднати. Со тоа исчезнува едно прекрасно градителство наследство што ја прави Битола најградски град во Македонија“, вели професорот, истражувач и хроничар на градот  Александар Стерјовски.

Од Завод и музеј Битола, институција задолжена за заштита на недвижносто богатство, ни одговорија дека имателот на заштитено добро законски е должен да биде добар домаќин, да го чува и одржува. Ако не ги преземе пропишаните мерки, Управата му опредува рок по кој  наложува извршување од надлежна институција, а трошоците паѓаат на товар на сопственикот.

Во Битола до мај 2021 година под заштита се поставени 144 објекти, од кои добар дел куќи и станбено културно добро. Во државата во која се даваат субвенции за домати и краставици, никогаш немало субвенции наменети за заштита на објектите со стара архитектура.

„Нивното зачувување бара многу средства. За жал, државата наша многу малку води грижа бидејќи голем дел и од објектите ставени под заштита имаат само една табла на која пишува под заштита на законот, а  не се вложува ништо со години. Тие се мртви објекти подеднакво оставени и ранливи како оние кои не се заштитени со закон. А Битола има голем број објекти кои не се заштитени и конечно треба да се заштитат“, вели историчарот Васко Гичевски.

Според книгата “Трдиционалната архитектура во Битола- кутурно наследство во исчезнување“ на етнологот Викторија Момева- Алтипармаковска објавена 2018 година, интересот за трационлната архитектура и грижата за нејзината заштита е сведена само на техничко фотодокументирање, што не го спречува процесот на нејзино забрзано исчезнување.

Жанета Здравковска  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Огнот под контрола – над 60 пожари изгаснати

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе