Украина побара од сопственикот на Челси, Роман Абрамович да помогне во преговорите со Русија за мир.
Рускиот милијардер бил исконтактиран од украински политичари и веднаш се фатил за работа. Останува да се види дали Абрамович има толкаво големо влијание во руската политика за да издејствува мирно решавање на военио конфликт.
Тој пред два дена го остави раководењето со Челси на хуманитарната организација на клубот, но нема намера да го продаде. Долго време се шепкулира дека Абрамович е во блиски пријателски односи со рускиот претседател Владимир Путин.