Вести Свет

Украина: Белорусија ќе се приклучи на руската инвазија

Украинските разузнавачки претставници сугерираат дека „Белорусија покажува подготвеност за директно вклучување во руската инвазија“, изјави претставник на украинската влада за Си-Ен-Ен.

Белорусија, поточно нејзиниот претседател Александар Лукашенко, веќе им дозволи на Русите да ја користат белоруската територија за испраќање руски сили од неа во Украина.

САД: И Белорусија се подготвува за инвазија

Друг извор близок до украинската влада изјави за Си-Ен-Ен дека, заедно со информациите од украинското разузнавање, администрацијата на Бајден му кажала и на Киев дека Белорусија се подготвува за инвазија. „Вашингтон пост“ објави, повикувајќи се на изјава на претставници на администрацијата на Бајден, дека Белорусија се подготвува да испрати војници во Украина.

Оваа информација е објавена во време кога во близина на белоруската граница треба да се водат преговори меѓу Русија и Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преодна стабилизација – Временска прогноза за 14.5.2025

Дејан Дејан

Меџити со порака до Таравари: Ти не ја напушташ владата, ти ја предаде владата

Дејан Дејан

Кос: Преку шест милијарди евра од Инструментот за реформи и раст до значителен развој за Западниот Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе