Вести Свет

ЕУ ги повика Гугл и ЈуТјуб да ја забранат руската воена пропаганда

Alphabet Inc. и YouTube треба да ги забранат корисниците кои поттикнуваат воена пропаганда како дел од мерките за запирање на дезинформациите по руската инвазија на Украина, им порача вчера на извршните директори на двете компании еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Гугл на Алфабет во саботата им забранија на руската државна медиумска куќа RT и другите ТВ канали да примаат пари за реклами на нивните веб-страници, апликации и видеа на ЈуТјуб, слично на потегот на Фејсбук по инвазијата на Украина.

Во видео повик со извршниот директор на Алфабет, Сундар Пичаи, и извршната директорка на ЈуТјуб, Сузан Војчицки, еврокомесарот Бретон каж дека двете компании треба да одат понатаму.

-Слободата на изразување не ја покрива воената пропаганда. Предолго, содржините од Раша Тудеј и другите руски државни медиуми се засилуваат со алгоритми и се предлагаат како „препорачана содржина“ на луѓето кои никогаш не ја побарале, рече Бретон во изјавата.

„Воената пропаганда никогаш не треба да биде препорачана содржина. Згора на тоа, таа воопшто не треба да има место на онлајн платформите. Сметам дека технолошката индустрија ќе преземе итни и ефективни мерки за борба против дезинформациите“, додаде тој.

Во видео повикот учествуваше и потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова.

Гугл соопшти дека веќе презел чекори без преседан за да ги спречи дезинформациите за Украина.

-Како што им кажавме на еврокомесарите, нашите тимови продолжуваат да ја следат ситуацијата 24 часа на ден и се подготвени да преземат натамошни активности, изјави  портпаролот на Гугл.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Државата има премиер и веројатно преговорачки тим, тоа е нивна работа – Јаневска за евентуална понуда да оди во здравство, ако „Вреди“ го добие МОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе