Продолжуваат реакциите на меѓународните спортски асоцијации по руската инвазија на Русија во Украина.
Светската џудо федерација донесе одлука да го суспендира статусот на Владимир Путин на почесен претседател на организацијата кој го доби во 2008 година.
Рускиот претседател пред една деценија токму од Меѓународната џудо федерација ја доби титулата носител на црн појас осми дан што е едно од најголемите признанија во овој спорт, а поради воената агресија во Украина донесена е одлука тој во моментов да го загуби и статусот на амбасадор на џудото во светот.