Еден од повеќе десетици македонски држвјани во Украина е фудбалскиот репрезентативец Ѓоко Зајков. Тој се обратил до ФФМ и изјавил дека е на безбедно во градот Полтава додека им било кажано дека ќе се организира превоз за странци до западната граница.
-Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам, пишал фудбалерот Ѓоко Зајков до ФФМ која ја пренесе информацијата до медиумите во Македонија.
Македонскиот амбасадор во Киев: Стотина македонски државјани се уште се заглавени