Вести Свет

Мицотакис и Херцог изразија загриженост за ситуацијата во Украина

Загриженост за ситуацијата во Украина и поддршка за територијалниот интегритет, изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и израелскиот претседател Исак Херцог за време на нивната денешна средба.

Грчкиот премиер рече дека за жал посетата на израелскиот претседател се поклопи со рускиот напад на Украина, за што го повтори ставот на Атина дека е прекршен суверенитетот на Украина и руската војска треба да се повлече.

Денеска, како што знаете, ќе имаме вонредна седница на Европскиот Совет на која се очекува да одобриме многу строги мерки, санкции. Но, ова не се однесува само на Украина, се однесува на дестабилизацијата на целиот европски геополитички поредок. Се однесува и на заштитата на слободата. Ќе застанеме обединети во одбраната на нашите вредности и сигурен сум дека и нашите сојузници од целиот свет, не само земјите-членки на Европската унија и НАТО, ќе испратат многу јасна и недвосмислена порака, истакна Мицотакис.

Израелскиот претседател рече дека станува збор за огромен светски предизвик, изразувајќи вознемиреност и загриженост „за хуманитарната криза и трагедијата за многу невини цивили“.

Исто, како и вие, се молам и ги повикувам сите засегнати страни да седнат на маса и да одржат преговори. Ние, Владата на Израел, целосно го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина. И исто така сме загрижени и за еврејската заедница во Украина и за Израелците во Украина. И се надевам дека вашите консултации ќе бидат успешни, рече Херцог.

Претседателот на Израел е во еднодневна официјална посета на Грција, а претходно се сретна со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу.

Ситуацијата во Украина беше во фокусот, грчката претседателка рече дека постои опасност „овој напад да стане најголемата војна во Европа по Втората светска војна“, изразувајќи надеж дека Европа „ќе остане обединета во ова критично време и дека нема на никој да му се дозволи да го врати човештвото во 19 век“.

Херцог додаде дека „се наоѓаме пред историски и сложен момент во историјата“ и ја искористи можноста да ги повикам сите Израелци што се наоѓаат во Украина веднаш да се вратат во Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе