Информацијата за новиот пакет рестриктивни мерки на ЕУ во однос на ситуацијата во Украина, со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид рестриктивни мерки, е на дневен ред на денешната, редовна 17-та седница на Владата.
Како што соопшти владината прес-служба, министрите денеска ќе ја разгледаат и Информацијата за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивната евакуација од Украина. Почетокот на седницата е во 11 часот.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.