Швајцарија соопшти дека нема да воведува санкции против Русија, откако тоа го направија повеќето западни земји и ЕУ. На денешната владина седница, министрите го осудиле потегот на Москва да ја признае независноста на двата украински сепрататистички региони Доњецк и Луганск, оцениле дека тоа претставува кршење на меѓународното право и ветиле дека ќе се осигураат Швајцарија да не биде искористена како платформа преку која ќе се заобиколат ЕУ санкциите.
Русија е важен трговски партнер на Швајцарија. Конзорциумот Северен поток кој гради гасоводи од Русија кон Европа, има седиште во швајцарскиот град Цуг, исто како и Газпром, компанијата која го снабдува гасот а овие гасоводи.
Кога станува збор за неутралноста на Швајцарија, земјата го имаше истиот одговор и во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим.
Но овој пат за разлика од тогаш, ситуацијата е далеку посериозна, и повеќе аналитичари посочуваат дека трговската размена со ЕУ е далеку поголема од таа со Русија, што значи дека зголемен притисок од Брисел би можел да ја разнишаа таа неутралност.