Одредени национални ланци на маркети во периодот 2020/21 година, во време на пандемија, оствариле огромни профити, рече во вечерашната Топ Тема на Телма министерот за економија Крешник Бектеши, кој ги објасни причините за носењето на мерката ограничување на маржите, која стапува во сила од први март.
Тој истакна дека тоа е период кога големите маркети биле поддржани од владата со субвенции.
„20% е просечен порофит или маржа која ја ставаат големите маркети. Диполнителни давачки согласно договорот за продажба количински рабата за набака е 7,5%, дополнително треба производителот да му даде на трговецот на мало, потоа изложување 5%, па одреден процент за комерцијална соработка. Кога ќе се соберат сите овие се гледа дека за 30% се зголемува конечната цена“, објасни Бектеши без да открие за кој продукт и за кон ланец маркети станува збор.
Според завршните сметки кои тој ги покажа за време на Топ Тема, нето профитот на националните ланци се движи од 2 до повеќе од 8 милиони евра.