Вести Свет

Новите американски санкции против градителите на „Северен поток 2“

Белата куќа објави нов сет санкции против Русија, од кои дел се против компанијата која го гради гасоводот „Северен поток 2“.

Денеска ѝ наредив на администрацијата да наметне санкции врз Северен поток 2 АГ и неговите корпоративни челници. Овие чекори се само дел од нашата првична транша на санкции како одговор на руските постапки во Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Северен поток 2“ беше завршен во септември минатата година и за неговата изградба беа потрошени 10 милијари евра.

Американската одлука доаѓа откако германскиот канцелар Олаф Шолц претходно објави дека гасоводот ќе остане затворен како одговор на руските потези против Украина.

„Северен поток 2“ е 1.200 километри долг гасовод на дното на Балтичкото море и кој ќе пренесува природен гас од Санкт Петерсбург до Лубмин во Германија. „Северен поток 2“ оди паралелно со веќе постоечкиот „Северен поток“ кој е во употреба од 2011 година, и двата гасоводи заедно имаат капацитет да пренесуваат во Европа 110 милијарди кубни метри гас годишно, малку повеќе од четвртина од потрошувачката на ЕУ.

Токму поради тоа проектот од самиот почеток има гласни противници, пред се Украина, Полска, Обединетото Кралство и САД, кои стравуваат дека големиот капацитет ќе ѝ овозможи на Москва преголемо влијание врз пазарот на природен гас во Европа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, отиде до таму што „Северен поток 2“ го нарече опасно политичко оружје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе