Вести Македонија Топ тема

Многу градоначалници не се свесни за своите ингеренции и обврски, тврди вицепремиерката Грковска

-Градоначалниците треба да знаат кои сѐ нивните обврски и одговорности како градоначалници да не очекуваат дека за секој проблем од Владата ќе бараат финансии за да се реши некој проблем. Така секој од нас може да биде градоначалник, истакна во емисијата Топ Тема на ТВ Телма заменик-претседателката на Владата задолжена за добро владеење Славица Грковска.

Таа додаде дека добар дел од градоначалниците не се свесни за ингеренциите и обврските што ги имаат и вели:„Секој може да биде градоначалник ако очекува дека Владата ќе му ги решава проблемите“.

-Мислам дека секој од нас кога ќе му биде понудена одредена позиција треба прво да се запраша кои се обврските кои што ќе ги има на таа позиција, какви се одговорностите и дали секој од нас има капацитет да ги извршува тие одговорности и обврски и кога ќе се преиспита себе си тогаш да си го врати одговорот дали ќе се нафати да ја извршува таа функција или не, нагласи Грковска за во емисијата на ТВ Телма.

Во меѓувреме, градоначалниците бараат помош за плаќање на високите сметки за струја и сметаат дека владата треба да издвои средства за таа намена од државниот буџет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе