„Денеска најмногу се пукаше. Вака изгледа деескалацијата, пукотниците доаѓаат од двете страни. Од тука, од таму, а ние седиме во средина и страдаме“.
Уште една ноќ мината во засолништата од бомби за да се избегне спорадичното гранатирање во близина на борбената линија што ги дели сепаратистите од Луганск и владините сили поддржани од Русија. Луѓето од малото место Шастиа се на работ на нервен слом. Не спијат во своите домови со денови. Во скривниците се чувствуваат побезбедно.
„Размислувате само како да преживеете уште една ноќ, да останете живи. Не можете ни да размислувате за иднината. Мојата сопруга имаше некои оптимистички мисли дека ако престанат да пукаат, ќе одиме да спиеме дома. Но, јас мислам дека тоа нема да се случи.“ – вели Андриј, жител на Шастиа.
Ова семејство не гледа кога ќе се раздени, исплашени се дека ќе бидат убиени од некој залутан куршум и затоа дом им се подрумите. Изморени се, но велат дека нема како да се избега од војната.
„Толку е страшно бидејќи овде имаше гранатирање. Една куќа беше погодена во покривот таму, а друга куќа беше погодена во покривот во близина. Затоа се плашам“, изјави Ирина.
Но, во Доњецк, во делот кој е под контрола на руските сепаратисти, ситуацијата е малку поинаква. По признавањето на независноста од страна на Русија, луѓето се надеваат и на подобра иднина.
„Мислам дека во се ќе има радикални промени. Можеби конечно ќе дојде мир. Пукањето престана, а за нас ова е најважно“, рече Тамара, жител на Доњецк.
„Секако се надевам дека овие конфликти ќе завршат наскоро и мирот ќе дојде, затоа што сме веќе уморни“, изјави Елизабета, жител на Доњецк.
За новите престрелки во Донбаскиот регион, првиот руски дипломат Лавров го посочи прстот кон Западен Балкан. Во ТВ интервју тој вели дека платеници од платеници од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина биле регрутирани и префрлени во Донбас во Украина за да се борат против бунтовниците поддржани од Москва, нешто што жестоко го негираа локалните власти. Лавров рече дека за ова има потврда, но не даде прецизни податоци. Сепак, руската амбасада во Тирана не одговори на барањата за појаснување, а Косово и Босна и Херцеговина категорично ги отфрлија обвинувањата.
Алиса Шутиноска