Жарко Лаушевиќ во мистериозната драма „Калкански кругови“
Нова серија на Телма, мистерија со хорор примеси извадени од традицијата на забранетото.
Таткото на Миона, Дејан (Воин Ќетковиќ), се обидува да ја оттргне својата ќерка од лошото друштво. Ќе одлучи да го остави градот и бизнисот како архитект и заминува во родното село на татко му. И покрај отпорот на ќерка му, тој се обидува да и се доближи и да го надополни времето изгубено со неа , додека тој ја градел својата кариера …
Во семејната куќа ги дочекува чичко му Велибор (Жарко Лаушевиќ). Во селото го запознава Макс, бизнисмен вратен од Базел кој инвестира во хотелски комплекс и му нуди работа во неговата градба.
Местото на кое треба да се гради се вика Забран.
Како забрана од локалното население…
…. Бидејќи тука лежат тајните ….
Возбудлива, напната и мистериозна серија што ја привлекува публиката!
Во серијата се појавуваат познати ликови покрај Воин Ќетковиќ и Жарко Лаушевиќ, мистериите на Калканските кругови ги разоткриваат легендарните Милутин Мима Караџиќ и Весна Чипчиќ, атрактивната и талентирана Наташа Нинковиќ, младата хип-хоп пејачка и актерка Ивана Зечевиќ, Нела Михајловиќ, Нина Јанковиќ, Бранка Пујиќ и многу други.
Автор и сценарист на серијата е Ѓорѓе Милосављевиќ, а режисер на Калкански кругови е Милан Караџиќ.
ПРИКАЗНА НА КОЈА ЌЕ СЕ НАВЛЕЧЕТЕ
КОЈА Е ГРАНИЦАТА КОЈА НЕ СЕ ПРЕЧЕКОРУВА?
МИСТЕРИОЗНОТО МЕСТО …
КОЕ НЕКОМУ ДАВА!
А НЕКОМУ ОДЗЕМА?