Вести Свет

Еден загинат и десет исчезнати во поплавите во Австралија

Во поплавите предизвикани од обилните дождови во австралиската држава Квинсленд едно лице загинало, а 10 лица се водат како исчезнати.

Според соопштението на државната полиција на Квинсленд, пронајдено е телото на 63-годишна жена која загинала како последица на поплавување на нејзиниот автомобил во градот Саншајн Коуст.

Во државата 10 лица се водат за исчезнати. Полицијата ги замоли граѓаните да не излегуваат со своите возила.

Премиерката на државата Квинсленд, Анастасија Палашчук, ја опиша поплавата како „трагедија“.

7 училишта беа привремено затворени во регионите Саншајн Коуст, Нооса и Гимпи, додека железничкиот сообраќај е во прекин.

Австралиското биро за метеорологија предупреди дека обилните дождови ќе продолжат и утре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе