Вести Свет

ОБСЕ ќе одржи вонреден состанок за безбедноста во Украина

Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) денеска ќе одржи вонреден состанок откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна двата сепаратистички украински региона како независни.

Состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во 14 часот по средноевропско време има за цел „да го реши ова прекршување на меѓународното право и основните принципи на ОБСЕ“, соопшти Полска, која во моментов претседава со организацијата.

– Одлуката на претседателот Путин да признае делови од регионите Доњецк и Луганск како независни е јасно кршење на меѓународното право, се наведува во соопштението.

– Овој чекор е против обврските на ОБСЕ, како и Договорите од Минск, и го поткопува учеството на организацијата во мирно решавање на конфликтот, се додава во соопштението.

Средбата ќе биде затворена за медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе