Вести Ковид19 Свет Топ вести

Словенија ги укина речиси сите антиковид мерки

Словенија денеска ги укина речиси сите антиковид мерки, освен носењето маски во затворени простории. Доказ за прележан ковид, вакцинација или негативен тест ќе се бара само во здравствени установи, старечки домови и затвори.

Според владината одлука од сабота, нема повеќе ограничувања за бројот на луѓе во трговските центри, угостителските објекти и какви било настани, јави СТА.

Укинати се и ограничувањата на работното време во угостителските објекти, а ноќните клубови може повторно да се отворат.

Се препорачува носење маски на отворено кога растојанието од 1,5 метри не може да се исполни. Ковид пропусници и негативниот тест остануваат задолжителни за персоналот во здравствените  установи, затворите и воспитно-поправните установи за малолетници помлади од 15 години.

Учениците и студентите нема да мора да се тестираат во образовните институции, но маските се уште се задолжителни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе