Вести Најважни Свет

Бајден: Убеден сум дека Путин одлучил да ја нападне Украина

Американскиот претседател Џо Бајден во ново обраќање пред нацијата изјави дека е убеден дека рускиот претседател Владими Путин одлучил да ја нападне Украина, и дека нападот ќе се случи во наредните неколку дена. Според разузнавачките информации кои му се доставени на Бајден, прва цел би бил главниот украински град Киев.

  • Во овој момент убеден сум дека веќе одлучил, изјави Бајден мислејќи на претседателот Путин.

Претходно, Бајден и неговите први советници рекоа дека не се сигурни дали Путин донел одлука. Но, Бајден додава дека Русија се уште може да ја избере дипломатијата и дека се уште не е доцна да деескалираат и да се вратат на преговарачка маса. Изјавата на Бајден следува по телефонските разговори кои ги имал со челниците на Канада, Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Британија, ЕУ и НАТО.

Во меѓувреме, во Луганск одекна силна експлозија, за која се уште нема информации од што е предизвикана, но медиумите јавуваат и дека е можно да се работи за експлозија на гасовод.

На тензиите им нема крај. Вчера лидерите на двете самопрогласени независни области Луганск и Доњецк во Украина повикаа на евакуација на населението, изјавувајќи дека Украина го засилила гранатирањето и планира напад. Украина демантира, преку соопштение од министерството за одбрана вели дека „таквите тврдења воопшто немаат основа“.

Рускиот претседател, Путин потпиша декрет за воена обука на резервистите. Се повикуваат во камповите за вежби. Тој на прес конференција изјави дека е подготвен да разговара со западните дипломати, но ги обвини дека тие ги игнорираат руските барања за безбедносни гаранции и предупреди дека ако дојде до договор, тој ќе треба да се базира на ветувањето дека НАТО ќе престане да се шири низ источно-европските земји.

Се очекува денеска Путин да ги набљудува големите воени вежби на руските стратешки нуклеарни сили.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски е во Минхен на безбедносната конференција каде ќе разговара со потпретседателката на САД, Камала Харис.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе