Матичните лекари не продолжуваат со протести по средбата денешната средба во Министерството за здравство со кое договориле да се формираат работни групи во кои ќе учествуваат претставници на Лекарската комора и кои ќе ги решаваат нивните барања и проблеми.
Д-р Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство рече дека по средбата со претставниците на матичните лекари ги разбрал и нивните барања и проблеми и дека договориле најдоцна за една до две недели да се формираат работни групи, кои ќе ги решаваат овие проблеми.
-Точна е забелешката на претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Чолакова Дервишова дека една третина од 1.436 тимови на матичните лекари со средствата што ги добиваат преку договорите со Фондот се на раб на егзистенција и едвај имаат средства за да поделат минимална плата и на лекарите и на медицинските сестри. Ќе придонесеме да можат да опстанат и да останат да работат, а за оние тимови со помалку пациенти, како и оние што работат во помали места и во во руралните средини ќе обезбедиме да имаат средства за гарантирана минимална плата и за лекарот и за сестрата, за да не се случи затворање на здравствени установи и одлевање на кадар – рече заменик-министерот Рендевски.
Тој додаде дека за поголемите амбуланти на матични лекари, каде што има и повеќе тимови, исто така ќе обезбедат да има минимална загарантирана плата за лекарот и сестрата во вториот и третиот тим.
Д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари, рече дека ќе ги прекинат протестите и дека на состанокот ги пренеле нивните барања.
-Побаравме заедно со Лекарската комора во работните групи да има човек што ги разбира работите и на оваа прва средба со заменик министерот добивме поддршка од него и позитивен став кон напишете барања. Кажавме и за проблемот со режимот на пропишување, проблемите на малите амбуланти – рече Чолакова Дервишова.
Рендевски инфомираше дека разговарал со дел од менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување околу барањето на лекарите за укинување на казнената политика, и дека ќе се потруддат во иднина за административни грешки да нема парични казни, туку лекарите да добијат само опомена.
-Сметаме дека ќе излеземе во пресрет и на пациентите и на матичните лекари – рече Рендевски.