Вести Македонија Топ вести

Патот на Пелистер ничија надлежност, а возилата минуваат како низ иглени уши

Како да минуваме крај Сцила И Харидба, вака возачите ги опишуваат тешкотиите во услови на снег да се разминат низ тесниот асфалтен пат во Националниот парк Пелистер. По 74 години од неговото прогласување за прв национален парк во земјава, тој опстојува со стар и со години нерехабилитиран пат. До туристичките места води само една асфалтурана делница, со многу дупки, тесна, а во зима се чистат околу два метра од коловозот, па автомобилите како да минуваат низ иглени уши.

„Нема простор да се разминат две возила, тесен е патот и не е проширен“.

 

„Треба да биде многу подобро, да се прошири и среди во зимски период да се чисти повеќе и лево и десно зашто булдожерот чисти само една страна, мал дел од патот. Да се прошири на некои места да се стави асфалт за да има разминување. Горе е хотел ‘Молика’ и мора да има можност за поголема фреквенција“,коментираат возачи.

Кога има снег и работи ски патеката „Копанки“ преку викенд Пелистер го посетуваат стотици скијачи и туристи. По патот колони од возила и нервоза кај патниците.

Збунувачко е тоа што не се знае под чија надлежност е единствениот асфалтен пат во паркот. На официјалната картата од Јавното претпријатие за државни патишта го нема. Како регионални се исцртани земјени или планинарски патишта. Едниот Р 2331 Ниже Поле-Пелистер-Брајчино –Љубојно на картата е испрекинат зашто таква асфалтирана делница не постои. Другиот е Р 29372 од Ротино до Десткото одморалиште што исто така е земјен и само дел асфалтиран.

Во вакви услови нема ни најава за скора реконструкција на овој пат. Централната и локалната власт велат дека можат да помогнат во негова обнова, но не се надлежни.

„Во 2021 година извршивме рехабилитација на патот Битола-Ниже Поле со 24 милиони денари и оваа година продолжуваме со оној дел што е регионален патен правец. Се она што е оставаено како локален пат и е така нотирано ингеренции имаа Општина Битола“, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Од Општина Битола пак, велат дека имаат надлежност за одржување на патната инфраструктура која поминува низ населените места, поради тоа вложуваат во  Потпелистерието. И тие посочуваат дека учествувале во изведба на истипт пат од Ниже Поле до Подпелистерието, а во моментот работотат на проектна документација за реконструкција на патот до спојот со Паркот. Помош за тоа најави и министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој е битолчанец.

Пелистер заслужува многу поголеми вложувања, од оние на кратски патеки.

Жанета Здравковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе