Протестот на матичните лекари траеше само неколку часа – средбата со здравствените власти засега даде резултат. Лекарите добија ветувања, властите во следните недели ќе бидат потег. Ќе се формираат работни групи најдоцна за две недели и проблемите на матичните лекари еден по еден ќе се најдат на маса во потрага по решение. Од Министерството за здравство ветуваат дека ќе помогнат за минимална плата на вработените во ординациите, а административните грешки на ПЗУ-ата нема да поминат со парична казна туку со опомена. Денес персоналот вработен во приватните здравствени установи беше во ординациите, но ниту се издаваа рецепти, ниту се закажуваа термини и примени беа само итните случаи.
Матичните бараат измени во Законот за здравствена заштита, за пациентите да припаѓаат на матичната ординација, а не да бидат „врзани“ за факсимилот на лекарот. Едно од главните барања е и зголемена капитација. Претходно на матичните лекари им беше ветено, но не и остварено дека капитацијата ќе чини 95 денари по пациент.
Освен приватните матични лекари, денес протестираа и приватните специјалисти и стоматолози кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување.
Петар Догов