Вести Свет

САД обвинуваат за нови провокации, Путин тврди дека Западот постојано наоѓа изговори за нови санкции

Сирени за предупредување од воздушни напади се огласија попладнево во Доњецк, неколку часа откако претседателот на самопрогласената Народна република Доњец, Денис Пашулин, ги повика цивилите од регионот да се евакуираат во Русија.

Привремената евакуиација ќе ги спаси вашите животи и животите на вашите сакани. Според договорот постигнат со Руската Федерација, места за прием и сместување на нашите граѓани се подготвени во регионот Ростов. Евакуираните ќе бидат обезбедени со сите неопходни работи, изјави Пашулин.

Најавената евакуација во Доњецк го вознемири западот, особено што денеска беа регистрирана зголемена размена на оган меѓу сепаратистите и украинската армија. Независните меѓународни набљудувачи кои ја мониторираат линијата на контакт меѓу двете страни, пријавија повеќе од 500 експлозии изминативе 24 часа. За американскиот државен секретар Ентони Блинкен настаните во Источна Украина, последниве два дена, се дел од рускиот план за исценирање лажни провокации со кои би се оправдала понатамошна руска агресија во Украина.

Иако ние правиме се што можеме за јасно да кажеме дека постои дипломатски пат, дека ова мора да биде решено, дека разликите мора да се надминат преку дијалог, преку дипломатија. Длабоко сме загрижени дека тоа не е патот по кој Русија оди и дека се што гледаме, вклучувајќи и тоа што го опишавте изминативе 24, 48 часа, е дел од сценарио, кое веќе се одвива, за исценирање лажни провокации, изјави Блинкен.

Рускиот претседател ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека САД и нивните сојузници постојано наоѓаат нови изговори да ја обвинуваат Русија и да наметнат дополнителни економски санкции.

Има толку многу лажни вести, не вреди да се реагира на секоја од нив. Го правиме тоа што сметаме дека е неопходно и планираме да продолжиме така. Секако, гледаме што се случува во светот околу нас, но имаме контретни и јасни патокази кои се во согласност со националните интереси на рускиот народ и државата, порача Путин.

Путин ја остава отворена вратата за дипломатијата, но повтори дека западот продолжува да ги игнорира руските безбедносни прашања и предупреди дека било каков дипломатски договор мора да вклучи правно обврзувачки гаранции дека НАТО нема да продолжи да се проширува на исток.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе