Вести Македонија Топ вести

Мицкоски и Касами подготвуваат план за предвремени избори

Се сретнаа во Тетово, разговараа околу два часа за предвремени парламентарни избори , но детали не открија. Мицкоски и Касами ги договараат контурите за пролетната офанзива и убедени се дека нивниот план ќе успее.

Претседателот на БЕСА Билал Касами ги повика сите невладини организации и професионалци да дадат свој приодонес за уривање на актуелната власт.Во наредниот период ќе се координираат  активностите.

Предвремени избори бара и Алијанса на Албанците. Сметаат дека тоа е единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа државата.Нефункционални институции, енергетска криза, Ковид пандемија,инфлација, немање консензус за Изборниот Законик и за укинување на пржинската влада, несправувањето со борбата против криминалот и корупцијата се само дел од причините поради кои опозицијта бара избори.

Дополнителен аргумент е и несоработката со Премиерот Ковачевски кој иако вети се уште ги нема покането на средба лидерите на опозициските партии.Владејачките партии, СДСМ и ДУИ  се подготвени за разговори но сметаат дека во овој момент нема основа за распишување предвремени парламентарни избори а Владата ќе го истера мандатот до 2024 година.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе