Вести Македонија Топ вести

Историчарите стравуваат дека македонскиот народ и нација ќе станат историски невалидни

Со политички условениот историски ревизионизам кој се заговара отворено, македонскиот народ и нација ќе станат историски невалидни и ќе бидат принудени да прифатат дека никогаш и не постоеле.

Ова е стравот на историчарите, кои предупредуваат дека, мали периферни култури и држави како нашата, каде нема силно развиена наука, а западните центри на моќ силно се наметнуваат, се лесна мета за манипулации и креирање на лажно јавно мислење. Универзитетскиот професор Трајче Стојанов смета дека Бугарите, со вградување на македонизмот, се обидуваат да застанат на страната на антифашизмот.

Да прикажат дека, Втората светска војна за нив е само идеолошки судир помеѓу левицата и десницата, меѓу комунистите или македонските Бугари и фашистичката власт во Бугарија. Тоа би значело и дека, тоа била братоубиствена војна на еден, според нив, ист народ, идеолошки раздвоен на две територии. Оттаму, смета и дека, Договорот со Бугарија е продолжение на Преспанскиот.

Професорот Чепреганов вели дека, за потребите на политиката се ревидира и македонската наука, но и колективната меморија на македонскиот народ.  Договорот за непријателство, како што го нарекува, е асиметричен и ќе биде на штета на Македонија.

Професорот Литовски, пак, македонската страна треба да стави акцент на антифашистичката борба во Македонија, која е втемелена само врз основа на сопствени вооружени сили, односно партизанското движење, што и тогаш бугарската пропаганда се обидувала со сите сили да го спречи.

Во меѓувреме, во Бугарија полека се олабавува јавното мислење за спорот меѓу двете држави. Пофлексибилниот пристап на новата бугарска влада има поддршка од 31 отсто од бугарските граѓани, иако и понатаму преовладуваат  приврзаниците на тврдиот став, за што се залагаат  49 отсто од анкетираните.

Најновото истражување на „Алфа рисрч„, прави споредба со досегашните бројки од периодот на владеење на ГЕРБ на Бојко Борисов, кога поддршката за тврдиот став стигнуваше и до 80 отсто.  Слична е ситуацијата и кај партиите.

Со исклучок на Демократска Бугарија, поддржувачите на сите партии во владејачката коалиција, вклучително и оние на Промената продолжува, му даваат предност на досегашниот пристап.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе