Утре, учениците во основните училишта треба да им мавтаат со рацете во знак на добредојде и на здравствените работници кои ќе ги посетат за да ги тестираат од ковид 19.
Скринингот ќе се одвива во училиштата а не на вакциналните пунктови и ќе опфати околу две илјади деца чии родители дале согласност.
Во „Ѓорѓија Пулевски“, кадешто од илјада ученици има само 8 позитивни, не очекуваат ниту проблеми ниту отпор.
Скринингот се прави поради зголемениот број заболени меѓу основците, додека кај средношколците состојбата е стабилна.
Аналитичката и статистичката обработка ќе даде податоци за трансмисијата на вирусот и за асимптоматско присуство.
Комисијата за заразни болести на 40-тина страници објави препораки за лекување на корона. Наменети се за лекарите во сите здравствени институции.
Препораки за лекување на Ковид-19
Нецелосното применување на препораките, според Петличковски, воопшто не е причина за големата смртност.
Комисијата за заразни болести не исклучува дека препорачаните мерки би можеле да станат задолжителни.
Соња Никoловска