Вести Македонија Топ вести

После две години се вратија средношколците во училиштните клупи на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола

После две години средношколците се вратија во училиштните клупи на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Наставата се одвиваше онлајн поради пандемијата со ковид-кризата, а првото полугодие за учениците од битолската Гимназија не започна со физичко присуство поради реконструкција на училиштната зграда.

„После реконструктивните зафати Гимназијата чекаше одобрение за употреба на објектот од надлежните институции за да може да изведува настава со физичко присуство. После извршената контрола е утврдено дека се исполнети сите услови да се отпочни со користење на објектот и од денес учениците после скоро две години се вратија во училиштните клупи. Повторно училиштниот простор е исполнет со ученичката смеа и џагор и учениците и наставниците се среќни што можат да продолжат со вообичаениот начин на работа после долга пауза“, изјави во телефонски разговор за Телма, директорката на Гимназијата Фанија Наумовска.

Од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола информираат дела по извршениот увид од страна на Комисијата од Министерството за транспорт и врски, добија дозвола за употреба на училиштниот објект. Со тоа се исполнети условите за почеток на настава со физичко присуство, со што, од денес се започнува со настава.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе