Вести Македонија Топ вести

Кочанското поле во пламен – за три дена пожарникарите имале 15 интервенции на отворено

Кочанско поле повторно во пламен. Пожарникарите синоќа од запалените стрништа мораа да го штитаат селото Прибачево и Пречистителната станица кај Мојанци.

За само три дена имале 15 интервенции на отворено, на кочанските пожарникари од голема помош им се доброволците, кои ги имаат поминато обуките. Дел од доброволците имаат опрема, а им недостасува возило за да можат самите да излегуваат на терен.

Жителите на Кочани дишат најзагаден воздух алрамираат и граѓанските активисти, кои веќе имаат идеи како да се реши проблемот со палањето на стрништата по жетвата на оризот.

Идеи има, но институциите треба да ги слушнат, а  од денеска пожарникарите, инспекторите и полицијата ќе имаат заедничка акција на терен, со цел земјоделците да не ги палат стрништата.

Викторија Јованова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ е за проширувањето, но и недостига временска рамка – кога

Дејан Дејан

Силно невреме: Се сруши Кран во Белград

Дејан Дејан

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе