Вести Македонија Топ вести

Панчевски излегува од затвор, укината му е пресудата

Поранешниот судија и претседател на скопска „единица“, Владимир Панчевски, повторно ќе се најде на слобода, по само десетина дена откако почна да ја издржува затворската казна од 2 и пол години затвор.

Врховниот суд, по спроведено вонредно преиспитување на пресудите на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, донел решение со кое се укинува правосилната пресуда и случајот го враќа на повторно одлучување во скопска Апелација.

Пресудата за злоупотребите во судскиот АКМИС систем и за рачно делени предмети на подобнио судии е укината затоа што Апелација при одлуката не дозволила јавна расправа како што барал Панчевски. Иако Апелациониот суд сметал дека јавна расправа не е неопходна поради доставените докази и жалби на обвинетиот, Врховниот одлучил дека требало да има јавна расправа.

Со одлуката на Врховниот суд, сега во важност останува првостепената пресуда на велешкиот суд каде Панчевски беше прогласен за виновен дека ги местел судските предмети кај блиски судии, наместо да остави распоредот да се прави автоматски преку компјутерскиот АКМИС. Со таа пресуда Панчевски е осуден на 3,5 години затвор, но неправосилно и ќе има право да бара да биде пуштен од затвор до правосилност на пресудата.

Панчевски ја издржува затворската казна во скопскиот затвор во Шутка затоа што казната му е под 3 години. Сам се пријави на поканата за издржување и во Шутка е примен на 03-ти февруари. Досега е наоѓаше во изолација како ковид мерка, но најверојатно ќе го напушти затворот пред да биде распределен по завршена ковид изолација.

Доколку во втората постапка пред Апелациониот суд, казната остане над 3 години, Панчевски нема да ја издржува во Шутка туку во Идризово. Но, тој бара да биде ослободен бидејќи смета дека нема доволно докази за да биде прогласен за виновен за злоупотребите со АКМИС системот во судот кој го раководеше цел мандат.

Во Советот кој ја донел одлуката биле судиите Сафет Кадрии, Фаик Арслани, Џемаили Саити, Африм Фидани и судијката Мирјана Лазарова Трајковска, кои одлучиле по само 4 месеци откако на Панчевски Апелација му ја намали казната од 3,5 на 2,5 години.

Владимир Панчевски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека од 2013 до 2016 година, надвор од системот АКМИС, по сопствена волја, поделил 45 судски предмети на судии за кои тој сметал дека се подобни. Откако беше обвинет Панчевски со месеци го избегнуваше судот во Велес, кој, пак, мораше да нареди негово приведување и притворање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе