Кочанско поле повторно во пламен. Пожарникарите синоќа од запалените стрништа мораа да го штитаат селото Прибачево и Пречистителната станица кај Мојанци.
За само три дена имале 15 интервенции на отворено, на кочанските пожарникари од голема помош им се доброволците, кои ги имаат поминато обуките. Дел од доброволците имаат опрема, а им недостасува возило за да можат самите да излегуваат на терен.
Жителите на Кочани дишат најзагаден воздух алрамираат и граѓанските активисти, кои веќе имаат идеи како да се реши проблемот со палањето на стрништата по жетвата на оризот.
Идеи има, но институциите треба да ги слушнат, а од денеска пожарникарите, инспекторите и полицијата ќе имаат заедничка акција на терен, со цел земјоделците да не ги палат стрништата.
Викторија Јованова