Повикот на опозицискиот лидер за единство и национално обединување стана повод за нови расправии со премиерот.
Ковачевски не гледа искрени намери кај ВМРО-ДПМНЕ, кои ги поканил да учествуваат во работните групи за преговори со соседна Бугарија, но одбиле.
Мицкоски, пак, не е изненаден од оваа изјава на Ковачевски.
Мицкоски додаде дека раката е се` уште подадена, стои на располагање и нуди поддршка за заштита на националните и стратешки интереси.
Ковачевски засега не одбива средба, но ниту прецизира кога таа би можела да се случи.
Далиборка Демјанска Цветановска