Вести Свет Топ вести

Кремљ сигнализира дека е подготвен за да ги продолжи разговорите со Западот, Олаф од Киев замина за Москва

Кремљ сигнализира дека е подготвен за да ги продолжи разговорите со Западот околу безбедносните гаранции, кои вклучуваат гаранции од НАТО дека нема и се дозволи на Украина и на другите поранешни советски републики да станат членски на алијансата.

Ова беше тема и на средбата на германскиот канцелар Олаф Шолц со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Воените активности на Русија на украинската граница за нас се несфатливи. Не постојат разумни причини за такво воено распоредување, истакна Шолц.

  • Уште еднаш истакнувам овде во Киев, за суверенитетот и територијалната безбедност на Украина, Германија нема да преговара. Очекуваме Русија да преземе јасни чекори за деескалација на моменталните тензии. За германската влада е јасно, дека понатамошна воена агресија врз Украина би предизвикала сериозни политички, економски и гоестратешки последици за Русија и тоа ќе го истакнам утре во Москва, истакна Олаф Шолц, канцелар на Германија.

Дека сакциите кон Русија ќе бидат остри и сериозни кажа и шефицата на британската дипломатија Лиз Трас.

  • Сосема е јасно дека Русија е агресор во оваа ситуација. Имаат распоредено 100.000 војници на украинската граница. Мора да дојде до деескалација, бидејќи се ќе биде на штета на Русија доколку ја нападнат Украина, како во смисла на долготрајна војна, така и во смисла на санкции кои ние би ги вовеле, а кои би биле остри и ќе ги погодат компаниите ширум Русија- Лиз Трас, министерка за надворешни работи на В.Британија.

Претходно британскиот премиер Борис Џонсон рече дека има „знаци кои покажуваат дека има сериозни подготовки“ кои се прават од страна на Русија, за што ќе разговара и со американскиот претседател Џо Бајден.

Бројни членови на странбските амбасади ја напуштија Украина, а осигурителните авио компании веќе го стопираа осигурувањето за летовите над Украина. Зеленски смета дека амбасадите прават грешка со преместувањето од исток на запад во земјата, вели ако се случи нешто, ескалацијата ќе има во цела земја.

  • Голема грешка е што некои амбасади се преместија во западна Украина. Тоа е нивна одлука, но „западна Украина“ не постои, постои една Украина. Ако нешто се случи, не дај Боже, тоа ќе биде насекаде. Не е можно да се биде на пет-шест часа оддалеченост од ескалацијата или неволјите. Да речеме на пет часа оддалеченост ако се добри патиштата. Сепак ние се обединета држава. Мислам дека жителите на Лвов тоа нема да го сфатата како нормално, бидејќи изгледа многу чудно. Ова е мое мислење. Но тоа е нивни избор- Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Додека телефоните ѕвонат во претседателските кабинети, а Олаф од Киев полета за Москва, министарството за одбрана на Русије објави нова снимка од засилени воена вежба на анексираниот полуостров Крим, каде во судирот во 2014 година загинаа повеќе од 14.000 луѓе.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе