До три и пол часот изутрината работеле техничарите од МЕПСО кога и целосно ги отстраниле проблемите на далноводот кој вчера предизвика пожар поради кој речиси цело Скопје и делови од Овчеполието немаа струја.
Според премиерот Ковачевски, се е резултат на технички дефект што се случи на еден од далноводите во Пинтија кои го напојуваат Скопје.
Таму, изгорел изолатор на високонапонскиот далновод кој почнал да искри и ја запалил сувата трева. Засега нема одговор дали трафостаницата Скопје 4 се изгаси автоматски како заштита или на барање на пожарникарите за да можат безбедно да интервенираат.
Исто така, надлежните се без одговор зошто гореше и далноводот во Бунарџик и дали станува збор за преоптеретување на мрежата, но тврдат дека трафостаницата во Бунарџик не претрпела никакви оштѕетувања и е функционална.