Вести Македонија Најважни

Започна скринингот за имунолошката состојба на населението на Ковид-19

Започна скринингот за утврдување на имунолошката состојба на населението на вирусот ковид-19. Илјада жители на Скопје и околу две до три илјади жители на другите поголеми градови во земјава ќе бидат дел од испитувањето.

„Со цел да процениме каква е епидемиолошката состојба во Скопје, односно колку има имунитет кај граѓаните стекнат од вакцинација или од прележување на болест. Ова истото ќе го правиме и низ целата држава, со тоа што ќе биде во соработка со центрите за јавно здравје и трансфузиолошките служби и исто така избирањата ќе бидат по случаен избор на испитаниците. И целта е и на ниво на Скопје и на ниво на Македонија да се процени колкав процент на граѓани имаат хуморален имунитет“, изјави асистент д-р Теодора Брњарчевска од Институтот за имунологија.

Првиот од петте пункта на скринингот во Скопје утрово беше лоциран кај спомен куќата на Мајка Тереза каде на случајни минувачи добороволно им се земаше крв за за скринингот. За некои од нив ваквото истражување е добреодојдено.

Институтот за имунологија пред околу една година спроведен сличен скрининг за утврдуавње на имунолошкиот статус на населението, но тогаш ограничен само на територијата на Град Скопје. Скринингот тогаш покажа дека 30 проценти од испитаниците имале некаков имунитет, кој се должел исклучиво на прележаната болест.

„Сега, по една година го поставуваме прашањето околу динамиката на колективниот имунитет т.е. каков е процентот денес. Се разбира дека процентот кој што ќе го добиеме очекуваме да биде повисок, затоашто и поголем број на луѓе прележале, се стекнале со природен имунитет. Оние што се вакцинирале го викаме вештачки имунитет“, вели д-р. Тодор Арсов, Институт за имунологија.

Во поголемите градови низ Македонија скринигот ќе започне во наредните денови, но случајно из браните граѓани таму ќе бидат повикувани да дадат крв во Центитре за јавно здравје. Со тоа за првпат ваков скриниг ќе биде направен на територијата на целата држава.

„Со резултатите од другите градови од Макеоднија ќе направиме еден пресек после сите овие бранови на коронавирусот и после вакцинацијата какво е нивото на имунитетот на ниво на Македонија. Додека пак со оние испитаници од Скопје ќе направиме споредба како било лани, пред вакцинацијата, со оваа година со вакцинацијата и сите  бранови на корона виурс“, вели Брњарчевска, Институт за имунологија.

Граѓаните кои ќе бидат дел од скринингот ќе треба да пополнат прашалник дали се вакцинирани, но и дали прележале и кога корона вирус со што ќе се направи и статистичка обработка на податоци, а резултатите од скринингот ќе ги добијат по електорнска пошта за два – три дена.

„Правиме испитувања на антителата кон Ковид-19, значи го испитувама хуморалниот имунитет. Значи оние антитела кои се насочени кон спајк протеинот, антитела кон нуклеокапсидот“, вели д-р. Арсов од Институтот за имунологија.

Скринингот треба да и помогне на Комисијата за заразни болести, но и Министерството за здравство да добијат појасна слика за имунолошката состојба на коронавирусто на населението, со цел полеснои креирањ ена идните мерки за заштита од вирусот.

Инаку досега во Македонија за заштита од коронавирус вакцинирани се 41 процент од населението.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе