Вести Македонија

КОД: Автопатот Кичево-Охрид осум години е и градилиште и фреквентна делница

Веќе 8 години трае изградбата на автопатот Кичево-Охрид и крајот на изградбата сѐ уште не се наѕира. Поради постојаните градежни работи, безбедноста на сообраќајот е намалена, а времето на патувањето се оддолжува. Според информациите на КОД, постојано пристигнуваат барања за нови одложувања на крајниот рок за изградба на автоптот кој уште лани требаше да биде завршен, но многуте грешки во планирањето донесоа и подолго време за изградба, но и многу повисоки трошоци. Од друга страна охридскиот туристички регион трпи последици врз економијата.

Автопатот Охрид Кичево со години истовремено е и градилиште и фреквентна делница, која е дел од главната сообраќајна артерија во Западна Македонија, со што е исклучително ризична и опасна за возење.

Особено е важна сигнализацијата и хоризонталната, и вертикалната, и таа е недефинирана. Имате места кои возачот го доведуваат во недоумица во заблуда. Измешани знаци, некои постари, некои поставени сега, некои за одреден дел. Сето тоа создава небезбеден пристап, небезбеден влез и возење по овој пат. И не е случајно што секојдневие се сообраќајните незгоди, Љупчо Милкоски, аналитичар за безбедносни појави и консулатант за сите ризици и опасности. 

Само во последните 2 години на оваа делница во изградба се случија 20 сообраќајни несреќи, 4 лица го изгубија живот, 21 лице се здоби со тешки телесни повреди, а 10 се полесно повредени.

Конкретно на овој патен потег основна причина за сообраќаните незгоди е неприлагодена брзина, управување на патничко моторно возило со брзина поголема од дозволената, секако и не управување на моторно возило согласно условите на патот. Во таа насока апелирам до возачите да се придржуваат до хоризонталната и вертикалната сигнализација, да внимаваат на брзината со кое го управуваат моторното возило, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе