Вести Македонија

МНР ги повика нашите граѓани во Украина да ја напуштат земјата

Стотина македонски државјани во моментов се наоѓаат во Украина и шефот на дипломатијата Османи ги повика да се вратат во земјата. Меѓу нив и двајца диломати од македонската амбасада и нивните семејства, наши претставници во мисијата на ОБСЕ во Украина како набљудувачи, но и 40 македонски државјани кои живеат таму и членови на нивните семејства.

Министерството за надворшени работи ги лоцирало нашите државјани таму и има неколку безбедносни сценарија при евентуална ескалација на состојбата во Украина.  Од сценарио на руска инвазија или  изолиран конфликт, па се до директна војна. Во делот на економските последици за Македонија, допрва ќе се прават проценки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе