Вести Македонија Најважни

САД очекува руска инвазија на Украина да започне во следните неколку денови, за Зеленски ваквите информации само создаваат паника

Се засилува тензијата околу и во Украина. Откако американскиот Стејт департмент ги повика Американците итно да ја напуштат Украина во следните 24 до 48 часа со предупредување дека руска инвазија на Украина може да се случи во наредните денови, украинскиот претседател предупреди дека ваквите информации само создаваат паника.

И вистината е дека ние имаме поинкави информации. И сега најдобар пријател на нашите непријатели е паниката во нашата земја. Сите овие информации помагаат само за паника, не ни помагаат на нас“, порача Зеленски.

Тензијата ја надполни и информациијата објавена по денешниот телефонски разговор меѓу шефовоте на дипломатиите на САД и Русија, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, во кој наместо да се смири топката околу Украина Лаворв ги обвинил САД за провоцирање на конфликт во Украина и водење на пропагандан кампања против Русија. Рускиот министер за надворешни работи му рекол на Блинкен дека Вашингтон и НАТО ги игнорирале клучните безбедносни барања на Русија.

Пред се за непроширување на Алијансата и нераспоредување на оружје во близина на руската граница, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи, по телефонскиот разговор.

Блинкен пак уште пред да се слушне со Лавров и упати предупредување на Москва.

Ние и нашите сојузници ѝ го кажавме ова кристално јасно на Москва. Ако претседателот Путин реши да преземе воена акција, ние ќе воведеме строги економски санкции во координација со сојузниците и партнерите од целиот светот, изјави Блинкен.

Втора телефонска можност за смирување на страстите меѓу Вашингтон и Москава околу Украина денеска ќе ја имаат двајцата претседатели, Џо Бајден и Владимир Путин, кои наместо в понеделник, на инсистирање на Бајден, ќе разговараат денеска. Увертира во разговорот со Бајден на Путин ќе му биде и телефонскиот разговор со Макрон, со кого пред само неколку дена се соочи во Москва.

А токму предупредувањето на безбедносните служби на САД дека руската инвазија на Украина е само прашање на денови го принуди Бајден, освен со Путин, да побара итна видео врска и со Канада, Италија, Полска, Германија, Франција, Велика Бртанија, Европската комисија и НАТО.

Дел од овие земји како Германија и Велика Британија, но и Данска, Естонија, Летонија, Нов Зеланд, Австалија, исто така ги повикаа своите државјани да ја напуштата Украина, а Лондон дури и ги предупреди своите граѓани да не очекуваат воена евакуациија доколку Русија ја нападне Украина.

Инаку и Русија денеска најави дека ќе повлекува дел од својот дипломатски персонал од Украина, поради, како што најави Москва, можни провокации од Киев и неговите сојузници.

И додека САД и Русија со директен контакт се обидуваат да избегнат воен конфликт на украинска територија, во Киев неколку илјади луѓе излего на главниот плоштад со повик за обединување и поддршка до украинската власта да издржи соочена со руска војска на границата.

Искрено, не се плашам бидејќи војната нема да започне за една недела. Таа е во тек веќе осум години, така што тоа не е ништо ново за нас, Јулија Заетс, жителка на Киев.

Во меѓувреме состојбата на терен не се смирува. Од САД стигаат најави за можно испраќање на дополнителни 3.000 војници на источната граница на Полска, каде веќе се распоредени 17.000 војници, а се бара зголемување и на военото присуство во Германија и во Романија. Руските 100.000 војници ни за метро не се повлечени од границата со Украина, а дополнителни 30.000 руски војници учествуваат на воени вежба во Белорусија која се граничи со Украина.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе