Вести Македонија Најважни

Водечки светски медиуми со стории за гестот на претседателот Пендаровски и малечката Амбла

Малечката Амбла редовно ја посетува наставата со нејзината помошничка и проблемите со соучениците и нивните родители веќе ги нема.

По жестоките реакции во јавноста, надлежните институции реагираа веднаш, а училиштето „Башкими“ од следната недела ќе добие нов директор. Комисијата за категоризација ќе направи уште една анализа на состојбата на единсесетгодишната Амбла, која има Даунов синдром, од што ќе зависи дали ќе ја продолжи наставата во редовна паралелка или во паралелка за деца со посебни потреби.

Да во понеделник ќе именувам в.д. директор кој го избра училишниот колектив.Станува збор за нејзина наставничка која многу добро е запознаена со сотојбата и ситуацијата. Таа ќе ја извршува функцијата додека не се распише конкурс. Во Гостивар за брзо време ќе се отвори Центар за аутизам каде исто така Амбла ќе може да посетува настава секако доколку тоа го дозволат родителите и ако така процени Комисијата за категоризација, изјави гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

А во меѓувреме Амбла редовно оди на настава, во училницата покрај нејзиниот помшник се и сите соученици а понекогаш и нивните родители.

Единствено на часовите кај дефектолог Амбла оди сама, но тоа е правило кое важи и за останатите дечиња со посебни потреби кои учат во „Башкими“ и кои имаат индивидуална работа со дефектологот во неговиот кабинет.

Семејството на малечката Амбла, за Телма соопшти, дека се задоволни од текот на настаните и третманот на нивната ќерка во училиштето. Тие се надеваат дека институциите ќе продолжат да работат со нив и нивната ќерка.

А потегот на претседателот Стево Пендаровски, кој во понеделникот дојде во Гостивар, за да ја посети Амбла и нејзиното семејство и лично и ја однесе на училиште, го обиколи светот.

Стории во кои се раскажува посетата, слики на Пендаровски и малечката Амбла заедно кон училиштето, во нејзиниот дом и со нејзините родители, како и пораките кои ги упати претседателот беа објавени во голем број странски медиуми како „Си Ен Ен“, „Еуроњус“ и „Дејли мејл“.

Случајот со четвртоодделенката Амбла, почна во декември минатата година, кога родителите на нејзините сооченици потпишале петиција дека девојчето било агресивно и неколку дена не посетуваа настава.

За овој случај предмет отворија од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а да се испита побара и од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Народниот правобранител.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе