Вести Ковид19 Македонија

31 починат и 1.222 новозаболени од Ковид-19

31 заболен од Ковид починале во последните 24 часа, објави Министерството за здравство, од кои деветмина се од Скопје.

Направени биле 4.982 теста од кои позитивни на Ковид-19 биле 1.222 или 28 отсто од тестираните. Најмногу новозаболени има во Скопје 649, Битола – 61, Тетово – 56, Куманово – 55, Велес – 50, Кавадарци – 49, Гостивар и Прилеп – по 35, Струмица – 34, Охрид – 26, Штип – 20, Неготино – 19, Кочани – 18, Струга – 16, Кичево и Гевгелија – по 14, Радовиш – 12, Крива Паланка – 9, Македонски Брод и Делчево – по 6, Берово, Ресен, Свети Николе и Валандово – по 5, Богданци и Дебар – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Дојран, Кратово, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, 157 се реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (62г, 70г, 73г, 83г, 84г и 85г), 5 лица од Куманово (65г, 67г, 72г,81г и 85г),  3 лица од Битола (70г, 80г и 89г), 2 лица од Охрид (53г и 62г), по едно од Прилеп (85г), Радовиш (81г), Виница (61г), Македонска Каменица (83г) и Неготино (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Скопје (3), Битола (2), Охрид (2), Делчево (1), Гевгелија (1) и Кичево (1). Починатите се на возраст од 63г до 86г. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 8 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 10.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица, 9 лица се целосно вакцинирани, кај 30 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.842.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 286.096, бројот на оздравени пациенти е 265.945, на починати е 8.736, а бројот на активни случаи изнесува 11.415.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе