Вести Ковид19 Македонија

Омикронот ги полни амбулантите во Полошко

Во овој бран на коронавирусот, матичните лекари со полни раце работа. Во изминатава недела во тетовскиот регион во просек се регистираат по 50-тина нови случаи дневно. Докторите велат дека за среќа омикронот дава полесна клиничка слика, поради што најчесто пациентите се третираат амбулантски.

И на Инфективното одделение во тетовската Клиничка болница само вчера 80 лица побарале медицински преглед или контрола. Хоспитализирани се 14 пациенти со Ковид-19 и сите се на кислородна поддршка.

На Инфективното одделение во гостиварската болница, пак, се хоспитализирани 20 лица. И таму зголемен е бројот на амбулантските прегледи.

Продолжуваат апелите на лекарите дека вакцинацијата останува најдобра заштита , особено од хоспитализација и смрт.

Во тетовскиот регион заклучно вчера има 381 активни случаи на ковид 19, додека во гостиварско таа бројка изнесува 229.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе